“Бојата за мене претставува енергија и опишува емоција. За сега добивам позитивни реакции од луѓето и се надевам уживаат  во колоритноста и позитивната вибрација на секое парче изработено со огромна љубов”.

KAte Биновска

Во општество во кое веќе неколку децении владее економска и финансиска нестабилност, низок животен стандард, и енормно ниски критериуми за тоа кои се вистинсите вредности, животот на уметниците станува се потежок, а создавањето на нивните дела претставуваат вистински подароци за публиката. Да се твори во овие тешки времиња и притоа да се остави трага за создаденото е вистински предизвик за уметникот на кој му се потребни како огромна енергија така и само мотивација за работа. Кате Биновска е уметница, дизајнерка, моќна и харизматична личност која создава уникатни парчиња облека во кои вреди да се инвестира.
Дизајнирањето на естетски модели е огромен предизвик со оглед на тоа дека модата е огледало на тековните светски случувања. Потребна е системска промена во пристапот и производство на модните парчиња. Луѓето се повеќе се одлучни да инвестираат во едно квалитетно парче при тоа рачно изработено од домашни автори отколку ефтина облека од некои од брендовите на брзата мода. Нашата денешна хероина Кате ја налекавме на пат враќајќи се кон Скопје, и покрај нејзината збиена агенда таа се согласи да ни одговори на неколку прашања, за што сме и бескрајно благодарни.
Дивианартс: Кате, кажете ни кога се појави желбата за овој вид на уметност.

-Дипломирав на ФЛУ во Скопје -(графика и графички дизајн), набрзо после студиите се преселив во Полска.
Во 2017 кога живеев и работев во Варшава, добив покана да изложувам во Виена, Австриjа. Тоа беше и една од причините да почнам повторно да скицирам, креирам и да и се враќам на уметноста после неколку години пауза.
Започнав да експериментирам во повеке техники па така се појави и желбата за друг вид платно – текстил. Посакав да носам слика на себе,  да понудам уметност која ќе биде достапна за поголем дел публика. Од сликите изложени и продадени во Виена, настанаа принтови во лимитиран број. По принтовите одличив да  го користам  парчето облеката како платно и да создадам ”уметност која движи” – уникатни парчиња облека за секојдневна употреба со рачно насликани мотиви.
Дивианартс: Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате со работата, (освен финансиските) 

  -Постојан и задржан квалитет на текстилот, навремена испорака на пратки кај нас и во странство и постојан континуитет на нарачки.

Дивианартс: Често употребуваш интензивни бои во твоите креации. Кои се реакциите, дали луѓето сакаат да носат јаки бои. 

-Бојата за мене претставува енергија и опишува емоција. За сега добивам позитивни реакции од луѓето и се надевам уживаат  во колоритноста и позитивната вибрација на секое парче изработено со огромна љубов.
Дивианартс: Колку е достапна одржливата мода кај нас.
-Бидејки подолго време сум излезена од Македонија,  не сум компетентна да дадам одговор на ова пршање.
Дивианартс: За крај како би се опишале себе си во само четири збора? 

-Вода , воздух, оган,  земја.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавата вила во Les Parcs de Saint Tropez!
Следна објаваСтил на денот: Preppy Chic!
• A feature writer for more than ten years across an electric range of different industries and lifestyles sectors from fashion, interior design, traveling, television and enviorment. • Extensive copywriting expirience with web content, headlines for diverse publications. • Excellent adaptibilty of skills to reach diverse audiences. • Valued for my informative and professional work ethic.

НЕМА КОМЕНТАРИ