Со поглед кон Медитеранот, оваа вила е дел од супер-ексклузивната област Les Parcs de Saint-Tropez …

Откако заводливата француска старлета Брижит Бардо за првпат се појавила во Сен Тропе за да го сними филмот „И Бог ја создаде жената“ во 1956 година, ова предходно заспано, рустично рибарско село, стана официјално седиште на џет-сетот на француската ривиера.

Сега, славниот град е исполнет со сообраќаен метеж и неверојатен број на туристи кои секое лето се туркаат околу старото пристаниште, додека цената на ручекот на блиската плажа Пампелоне практично ги распаѓа вашите платежни картички.

Сепак, за богатите, кои сè уште сакаат да уживаат во придобивките на овој идиличен дел од светот, постои рај, кој се карактеризира со мир, спокој и приватност, сместен на релативно мало растојание од центарот на градот – овој рај се вика Les Parcs de Saint Tropez.

Оваа обезбедена и оградена област која крие околу 120 вили и имоти се уште е рангирана како една од најпрестижните станбени енклави во светот. Сопственици на некои прекрасни згради лоцирани овде се Бернард Арно, извршен директор на конгломератот LVMH, сопственикот на хотелот Риц-Париз, Мохамед Ал-Фајед и магнатот во светот на челикот од Индија, Лакшми Митал.

На само неколку чекори е долгогодишниот дом на Брижит Бардо, наречен La Madrague. Куќата на некогашниот рибар ја купила кон крајот на педесеттите години, а и денес сè уште живее таму со своите миленичиња.

Сепак, една вила на два спрата, со околу 450 квадратни метри, штотуку е ставена на продажба и содржи шест спални соби, шест бањи, базен со загреана вода и огромни тераси за уживање во сонцето.

Цената на оваа вила може да се дознае само со апликацијата за купување, но како што дознаваме, имотите од овој тип во овој регион лесно достигнуваат бројка од околу 23 милиони евра. Изградена во 2002 година, вилата била целосно обновена во 2014 година, кога добила редизајнирана дневна соба со трпезарија, прозорци од подот до таванот и неверојатен поглед на нејзината околина.

Целата област Les Parcs е оградена и под надзор на поранешни воени чувари, а оваа вила има свои порти кои се отвораат кон патеката од чакал за приод со автомобил. Кога ќе стигнете до главен влез, кој се карактеризира со импресивна дрвена врата и зачекорите во гломазниот простор на дневната соба и трпезаријата, ќе бидете воодушевени од комплетно нова, модерна кујна.

Огромната дневна соба се отвора кон големата тераса со стаклени балустри, кои нудат заштита од повремени морски ветрови. На подовите во целата куќа, можеме да забележиме мермерни плочки во боја на песок.

Во бујните градини на овој имот има посебен студио стан, гаража за неколку автомобили, неколку тераси со перголи и прекрасни уредени тревници. Можете ли да замислите нешто подобро?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСалваторе Ферагамо: мода од третиот милениум!
Следна објаваКолоритни парчиња облека со рачно насликани мотиви на уметницата Кате Биновска
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ