Креативниот директор на брендот, Пол Ендру, ја однесе публиката во градот на иднината и ја крена сценографијата во научна фантастика  …

Презентацијата на новата колекција на Салваторе Ферагамо која се одржа во Милано, ни даде јасна претстава за есенската и зимската сезона 21/22. Пол Ендру, креативниот директор на брендот, покажа футуристичка бајка, град на иднината и совршена гардероба за жителите на новиот милениум.

Пол Ендру за колекцијата рече: „Во модната индустрија, минатото има посебна привлечност, секогаш нè привлекува. Оваа сезона, сакав да го сменам на поинаков начин овој принцип “. Чистите и функционални силуети инспирирани од Салваторе Ферагамо овој пат добиваат волшебна футуристичка завршница. Под зелените кожни палта се гледаат проsирните панталони.

Колекцијата не би била комплетна без широкоите небесно-сини комбинезони, разнобојни штепани кожни фустани и панталони, палта со снежно-бели долги реси и најлонски пончоа кои потсетуваат на бонбони од јагоди.

Во време кога сите очајно се обидуваме да бидеме приземнети и да не „блескаме“, креативниот директор на брендот ја укинува гравитацијата и нè крева од земја со апсолутно космички и лаконски стилови од третиот милениум.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајмодерни чанти за топлата сезона – Практичноста останува клучен тренд!
Следна објаваНајубавата вила во Les Parcs de Saint Tropez!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ