Општо земено, човечките суштества се навистина интелигентни …

За време на нашето кратко време поминато на оваа планета, успеавме да го поделиме атомот, да истражиме одредени делови од универзумот, најдлабоките точки на океанот и најоддалечените агли на нашата планета. Успеавме да ги надминеме пречките во комуникацијата и да започнеме пријателства без оглед на физичката оддалеченост, да излечиме бројни болести и да откриеме многу тајни на нашиот универзум.

Сепак, повеќето од овие пронајдоци, откритија и големи чекори за целото човештво се резултат на колективен напор, не само на еден осамен генијалец, маж или жена. Затоа, се поставува едно прашање: која е најпаметната нација во светот? Од која земја граѓаните придонеле најмногу за развојот на човештвото? Кои училишта постигнуваат најдобри резултати?

За наша среќа, компанијата Vouchercloud ги заврши овие задачи и одговори на сите наши прашања, рангирајќи ги дваесет и петте најдобри земји во светот кога станува збор за интелегенцијата. Во нивниот извештај, можеме да видиме и која држава има најмногу добитници на Нобелова награда, што е де факто еден од главните докази за неверојатната интелигенција.

Азија и Европа доминираат на оваа листа, додека Јапонија победи според сите стандарди, со високи позиции во сите три категории – Јапонците се петти на списокот со рангирање на училишта и шести на листата на Нобелови награди и тековен коефициент на интелигенција. Соединетите Американси Држави се наоѓаат на четвртото место, најмногу поради неверојатната доминација во областа на Нобелови награди-386, иако нивниот сегашен IQ е само на дваесет осмо место, а училишните тестирања го зазема тринаесеттото место.

Европа има импресивни пет нации на списокот на првите топ десет на листата – Швајцарија на втората, Холандија на петтата, Русија на шестата, Белгија на седмата и Велика Британија на осмата, но Азија сепак постигнува бодови со малку повеќе позиции.

Кога станува збор за земјите со најмногу добитници на Нобелова награда, ние не сме изненадени од фактот дека тука доминираат земјите од Западниот свет – иако, слободно можеме да кажеме дека азиските дестинации наскоро ќе ги достигнат нивните конкуренти.

Број на Нобелови награди

Ранг – Земја – Број на Нобелови награди

1 Соединетите држави на Америка 368

2 Обединетото Кралство на Велика Британија 132

3 Германија 107

4 Франција 62

5 Шведска 30

6 Јапонија 26

7 Швајцарија 26

8 Русија 23

9 Канада 23

10 Австрија 20

11 Холандија 20

12 Италија 14

13 Данска 13

14 Норвешка 12

15 Австралија 12

16 Полска 12

17 Израел 12

18 Белгија 10

19 Индија 10

20 Јужна Африка 10

21 Кина 9

22 Унгарија 9

23 Шпанија 8

24 Ирска 7

25 Чешка / Аргентина 5/5

Тековен национален коефициент на интелигенција

На оваа листа, Азија ги освои првите седум места, додека Финска е првата западна земја што остави свој белег. Соединетите Американски држави не успеаја да ја вратат својата позиција, додека е вистинско изненадување да се види Монголија на дванаесеттото место.

Ранг – Земја – Тековен коефициент на интелигенција

1 Сингапур 107.1

2 Кина 105,8

3 Хонг Конг 105,7

4 Јужна Кореја 104,6

5 Тајван 104,6

6 Јапонија 104,2

7 Финска 100,9

8 Канада 100.4

9 Холандија 100.4

10 Лихтенштајн 100.3

11 Швајцарија 100.2

12 Монголија 100

13 Макао 99,9

14 Естонија 99,4

15 Белгија 99.3

16 Австралија 99,2

17 Обединетото Кралство на Велика Британија

18 Австрија 99

19 Чешка 98,9

20 Нов Зеланд 98,9

21 Германија 98,8

22 Шведска 98,6

23 Исланд 98,6

24 Франција 98.1

25 Унгарија 98.1

Успех во училиштето

Не сме изненадени од фактот дека Азијците доминираат во овој сегмент на листата со заземање на првите пет места. Русија тогаш ја зазема шестата позиција, додека САД се на тринаесеттата. Велика Британија ја нема на овој дел од списокот, но главно изненадување е Казахстан, со деветтата позиција.

1 Сингапур 71,37

2 Јужна Кореја 66,85

3 Хонг Конг 66,66

4 Тајван 63,21

5 Јапонија 58.01

6 Русија 38,46

7 Кина 38,27

8 Макао 37.02

9 Казахстан 32,64

10 Лихтенштајн 32.06

11 Швајцарија 31,93

12 Ирска 30.03

13 САД 29,84

14 Унгарија 29,40

15 Израел 29,19

16 Белгија 28,76

17 Естонија 27,97

18 Данска 27,51

19 Португалија 27,51

20 Норвешка 27,49

21 Полска 26,83

22 Литванија 25,47

23 Финска 25,29

24 Холандија 25,15

25 Кипар 25.02

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБлузи со монистри во текот на денот!
Следна објаваKate Moss во новата кампања на Saint Laurent!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ