Од борбата со пандемијата до промените во американската политика, овие влијателни жени дефинитивно оставаат свои траги во историјата …

Како што може да претпоставите, секој од нив направи промени во нашиот свет на свој начин, и на свој начин се избори за место на оваа листа.

Камала Харис е првата жена и прва Американка со азиско потекло и црна боја на кожата која ја достигна позицијата потпретседател на Соединетите Американски Држави. Нејзиниот брз подем во светот на политиката доведе до самиот врв на листата, додека првата позиција, десетта година по ред, ја зазеде германската канцеларка Ангела Меркел. Второто место го зазеде Кристин Лагард, директорката на Европската централна банка.

Жените кои се наоѓаат на списокот 100 најмоќни во светот, потекнуваат од триесет земји, од четири генерации – десет од нив се државни лидери, триесет и осум се извршни директори, додека пет се sвезди во светот на музиката и филмот.

Таму каде што се разликуваат во годините, националноста и описот на работата, тие се обединети во користењето на нивната платформа, разговори за предизвиците кои ни ги наметна претходната година.

На оваа листа има дури 17 новодојдени, кои ни илустрираа дека жените ги водат сите аспекти на општеството кое е трансформирано заради глобалната пандемија. Во годината обележана со протести и социјални немири низ целиот свет, беше важно да го користат својот глас на прав начин, а дамите од нашата листа дефинитивно го сторија тоа.

Во нашата галерија можете да ги откриете оние кои ги заземаат првите десет позиции.

Ангела Маркел

Кристин Лагард К Камала Харис Урсула вон дер Лејен Мелинда Гејтс Мери Бара Ненси ПелосиА Ана Патриција Ботин Абигеј Џонсон Гејл Будро

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирација: 7 модни стилови на Роузи Хантингтон-Вајтли!
Следна објаваЗелени акценти: најголем тренд за претстојната пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ