Сè што јадеме и пиеме го обработува нашиот црн дроб, па затоа е многу важно црниот дроб да е здрав …

Масна и пржена храна, засладени пијалоци, алкохол и лекови може да го загрозат  органот кој има функција на филтер во телото. Со здрав црн дроб, забрзувањето на метаболизмот не е тешка работа. 

Црниот дроб ќе го исчистиме, а и ќе го забрзаме метаболизмот ако некои од овие намирници ги наоѓаме во чинијата почесто:

Лук – Познат е како природен антибиотик. Покрај тоа што содржи многу корисни материи, го стимулира производството на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од токсините.

Цитруси – Тие се богати со витамин Ц и содржат моќни антиоксиданти кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.

Цвекло и моркови – Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен. Благодарение на ова, тие ја стимулираат работата на црниот дроб.

Зелен чај – Зелениот чај е еден од најкорисните напитоци за чистење на организмот и убива микроби поврзани со честички од нечистотија.

Зелен лиснат зеленчук –  Зелен лиснат зеленчук содржи многу хлорофил, затоа успешно ги неутрализира и исфрла токсините од крвниот систем.

Ананас – Ананасот е природен диуретик кој ги ослободува токсините од организмот, па затоа е омилен меѓу оние кои сакаат да го забрзаат метаболизмот.

Зелка – Зелката има силно влијание врз ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат неговата работа.

Ѓумбир – Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотиите од телото. Многумина го избегнуваат поради неговиот специфичен вкус, но е исклучително здрав и корисен за секој што сака да изгуби тежина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламурозна кампања на Версаче за 2021 година!
Следна објаваЗдравје: Зошто треба да имате мачка?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ