Веројатно во вашиот живот имате личност која толку многу сака вино што би се капела во него …

Но, таа шега некој ја сфатил сериозно! На долгата листа на работи кои се први во светот, џакузито со греено вино станува дел од спа центри во Велика Британија и се смета за крајна празнична детоксикација што на сите ни треба.

Лансирано како дел од понудата на SpaSeekers и наречено Mulled Wine Spa Day, ова искуство ќе биде понудено следниот месец во Shrigley Hall во Чешир. Нема сомнение дека оваа понуда ќе биде исклучително привлечна, нудејќи 560 шишиња вино, осаменост и купка која се загрева на пријатни 37 степени. Покрај виното, дел од купката ќе бидат и портокали, цимет и анасон.

Како што објаснува SpaSeekers: „Танините се антибактериски и помагаат во борбата против вирусите и габичните заболувања, истовремено подобрувајќи го здравјето на нашето срце и крвотокот. Во комбинација со антиоксидантни својства на полифенолите од грозјето и цитрусите, тие ја подобруваат циркулацијата, давајќи ви можност навистина да блеснете. Покрај тоа, бањата има антибактериски, антиоксидантни, антиинфламаторни својства, придружени со намалување на стресот, правејќи ја кожата помека.

Ова празнично спа-искуство има и 45-минутна масажа, која користи темјан и масло од семе од грозје, во комбинација со кафен шеќер, цимет и портокал. Можете ли да замислите нешто подобро?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразнични џемпери од новите колекции!
Следна објаваНи на небо, ни на земја: Хендрикс џин бар!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ