Оваа година беше многу тешка за повеќето од нас и се чини како секој ден да поминуваше поспоро заради страшната пандемија …

Меѓутоа, кога подобро ќе размислиме, 2020 година помина како блесок. Сите знаеме дека поимот време е релативно, но веројатно би поминала многу побрзо и би била полна со уживање со вистински пијалок на трпезата пред вас. Ако можете на пример да уживате во пијалок во пловечки бар, тогаш работите би станале совршени, а ако ви кажеме за уживање во Балон – бар …

Компанијата Хендрикс создаде проект на уникатен бар, наменет да лебди на небото подолг временски период, а неговата идеја неодамна беше реализирана во пристаништето Дарлинг. Првиот бар од ваков вид беше подготвен да се искачи на 5 декември и беше отворен само еден ден, така што само малкумина можеа да уживаат во се што можеа да понудат.

Во најневеројатниот Балон Бар, храбри и страствени души беа домаќини на G&T производите од компанијата Хендрикс, а прекрасниот поглед, придружуван од целиот настан, може само да го замислиме.

До билет за летот не било лесно да се дојде, бројот на места бил строго ограничен. Голем број луѓе кои сакале да го почувствуваат ова искуство кое го нуди овој епски бар, останале во редот да купат билет за следниот лет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистинска празнична понуда: топла купка со вино наместо вода!
Следна објаваДиор претстави совршена чанта за зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ