Кога  Rolls Royce не може да произведува автомобили, тој се ориентира кон  производство на мед…

Се разбира, тие не прават обичен мед, туку  Rolls Royce меѓу сите варијани кои ни се достапни. Благодарение на последиците од вирусот Ковид-19 и прекинот на работењето, брендот Rolls Royce го смени фокусот од производство на автомобили во производство на мед.

Со седиште во Гудвуд, Западен Сасекс, пчеларникот Rolls Royce со површина од 42 хектари содржи 250.000 англиски  Rolls Royce пчели кои живеат во шест кошници.

Половина од нивниот имот е исполнет со половина милион дрвја, грмушки и диви цвеќиња, додека осум хектари се зафатени од самиот пчеларник. Кога станува збор за традиционалните кошници, пет се именувани според моделите на  Rolls Royce – Phantom, Wraith, Ghost, Dawn i Cullinan. Шестата кошница е именувана според амблемот на брендот, Spirit of Ecstasy.

 

Патем, овој пчеларник е еден од најеколошките ориентирани производи во Велика Британија, додека компанијата објави рекордно ниво на производство на мед, нудејќи им го најексклузивниот мед во светот на своите клиенти.

Всушност, тие не се свртеа кон медот за да си го пополнат времето поради стопирањето на производството на автомобили, бидејќи овој нивен проект започна пред две години, а е посветен на биолошката разновидност на нивната локација и на самото зачувување на бројот на пчелите.

 

Пандемијата со вирусот корона сериозно им се закани на многу компании ширум светот, додека автомобилската индустрија е еден од најпогодените сектори. Производителите на автомобили започнаа да ја трансформираат својата инфраструктура, следејќи го примерот на  Rolls Royce компанијата. За жал, како што веќе рековме во претходниот текст поврзан со овој мед, медот произведен од  Rolls Royce не е достапен за комерцијална продажба, но се дава како подарок на посебно драги клиенти.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА “ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК” А.П.Чехов во режија на Перо Даниловски
Следна објаваКујнa Atelier: безвремен дизајн за нова креативност!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ