Романот “Поглдеот на Делфика” од Мирон Динков, објавен е во месец мај годинава од издавачката куќа “Сакам книги”. Поради општата состојба со пандемијата, на почетокот воглавно беше промовиран преку дел од електронските и некои печатени медиуми, за да во времето на годинешниот “Саем на книгата” во Скопје, за прв пат ја имаше и својата промоција пред читателската публика.
Досегашните критики за романот сe одлични, така што тој последователно меѓу низа други изданија во Македонија, се најде и во номинација за “Роман на годината” во две категории: “Историска драма” и “Домашни автори”.
Актуелниот избор и предвиденото гласање, организирани се преку веб страницата “kniganagodinata.mk” и веќе се одвива во периодот од 10 до 20 ноември.

За прославата „Еден милениум од Римската држава“, сите патишта водеа кон Рим. Реки од луѓе доаѓаа во престолнината за да ја одбележат и прослават силата на Римското царство.

И двајцата беа родени од љубов, во времето кога владееше омразата и неправдата меѓу луѓето. Додека на запад од империјата, Евтропие и Јустина конечно ја допреа среќата со раѓањето на нивниот долгоочекуван син – на истокот, во заборавените предели на империјата, се роди зракот на светлина во ќерката на Арам и Иоана.

Во Битинија, при големото невреме и страшниот бродолом во Астачкиот залив, единствениот преживеан од потонатата галија, рибарите повреден го однесоа во куќата на меанџијата од Дрепана. Во домот на Ерменецот и неговите спомени, повторно се роди вистинската љубов и надежта за двете осамени души, предодредени истата да му ја подарат на светот… И покрај сите искушенија, Констанциј не ја загуби силата на љубовта и желбата да го заштити своето семејство од нив… До последниот ден од животот, тие знаеја дека сите нивните страдања не се залудни и тешки, наспроти правдата и вистината која со раѓањето на Константин им ја донесоа на луѓето… Во неговата возраст, со стекнатата сила, слава и мудрост, на христијаните им ја врати слободата на верувањето, а со својата мајка и нејзината љубов кон Господа, конечно им ја откри и потврди вистината за Исусовото постоење и страдање над крстот, како и доследноста на вистинското верување во него.

* Во продолжение ви проследуваме, неколку информативни линкови поврзани за книгата!

Линк 1 

Линк 2

Линк 3 

Линк 4 

Линк 5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазиграна колекција на Louis Vuitton Cruise 2021!
Следна објаваВенчавка на седмо небо!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ