Витаминот Ц секогаш се споменува како најважен дел од исхраната, а притоа се забарова витаминот Д и неговите придобивки за човечкиот организам.

Иако витаминот Д се апсорбира од сончевата светлина, сепак не се препорачува да се изложувате на сонце во долги интервали, затоа е неопходно луѓето да се справите на друг начин, а еден од нив е храна богата со витамин Д.

Суплементите се изборот на повеќето луѓе, но најздравиот начин за внесување на витамин Д е храна богата со истиот. Подолу ви донесуваме храна богата со витамин Д која треба да ја консумирате почесто.

Туна

Секој знае дека се препорачува консумирање на туна, а сега постои уште една причина што го потврдува тоа. Туната во конзерва содржи витамин Д, и како што е познато, можете да ја комбинирате со тестенини, да ја подготвувате со зеленчук како салата или дури може да го збогатите било кое друго интересно главно јадење.

Јајца

Не треба да се претерува со консумирање на јајцата поради холестерол, но нивната умерена употреба во исхраната носи со себе бројни придобивки. Некои луѓе јадат само белки, но со тоа ја пропуштаат можноста да ги внесат цинкот, селенот и витаминот Д кои се наоѓаат во жолчките. Имајте го ова на ум кога ќе го подготвите омлетот следниот пат.

Сардини

Уште една риба во конзерва која е достапна и здрава. Сардините се богати со протеини, омега-3 масни киселини, калциум и гореспоменатиот витамин Д. И тие се одлични кога се комбинираат со многу јадења, како и со туната, а можат да бидат посебна состојка во чорба со риба.

Печурки

Интересно е дека не сите печурки се богати со витамин Д, туку само оние кои биле третирани со голема доза на УВ светлина.

Сигурно, нема да погрешите доколку внесете било кој вид на печурки во вашата исхрана, но проверете ја декларацијата за да знаете кој тип е побогат со овој витамин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасен накит за љубителките на минимализмот!
Следна објаваOprah’s Favorite Things 2020: Список полн со интересни нешта
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ