Минатата година си поминавме супер, па решивме и годинава да продолжиме со креативните работилници по креативно пишување и ликовна уметност за млади – „Ја менуваме околината, го менуваме светот“. Овој пат, за жал, ќе работиме онлајн, но ветуваме дека ќе биде подеднакво забавно и корисно. ?
________________________

1. Ликовни работилници:
Ликовна уметност, инсталација во простор, стрип
времетраење на една работилница: 40 минути
предавач: Доротеј Нешовски, ликовен уметник
пријавување на: nesovskidoro@gmail.com

2. Креативно пишување:
проза, поезија, драмски текст, сценарио, стрип-сценарио
времетраење на една работилница: 2 х 40 минути со кратка пауза
предавач: Билјана Црвенковска, писателка и сценарист
пријавување на: biljana.crvenkovska@gmail.com

–возраст на учесниците: од 14 до 18 години

–термини: секоја среда, од 21 октомври до 18 ноември, од 18:30 часот

ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦИТЕ ПРЕКУ ЗУМ АПЛИКАЦИЈА.

 

Работилниците се БЕСПЛАТНИ.

Бројот на учесници е ограничен. 

НЕМА КОМЕНТАРИ