Сите благодети од топлата бања …

Не е новина колку придобивки крие топлата купка за нашето здравје.
Капењето во топла када најмалку четири пати неделно може да го намали крвниот притисок, но и ризикот од дијабетес тип 2, покажа новата студија претставена на годишниот состанок на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD).

Претходните истражувања заклучија дека сауните и хидромасажните кади се поврзани со подобрен квалитет на спиење и здравје на срцето.

Една нова студија анализираше повеќе од илјада возрасни лица со дијабетес тип 2 и ефектите што редовната купка ги имаше врз нивното здравје.

Пациентите беа поделени во три групи, засновани на почесто капење.

Првата група се капела четири или повеќе пати неделно, втората група се капела  еднаш до четири пати неделно, а третата група се бањала во топла бања еднаш неделно.

Истражувачите ги собрале и споредиле податоците, вклучително и физичките мерења и крвните тестови од учесниците во секоја група. Оние со поголема фреквенција на капење покажале смалување на телесната тежина, поуреден крвен притисок и гликозен хемоглобин, вид кој го контролира шеќерот во крвта. Сите овие фактори заедно можат да помогнат да се намали ризикот од дијабетес тип 2.

Во просек, возрасните чии измерени вредности се намалиле, се капеле во топли бањи четири пати неделно најмалку 16 минути. Ветувачките ефекти врз нивото на шеќер и крвниот притисок останале исти, без оглед на возраста, тежината, полот и сродните лекови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави дизајнерски торби на сезоната!
Следна објаваСовршена фотеља за секој амбиент!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ