*KOНКУРС ЗА МЛАД УМЕТНИК*


Националната галерија упатува отворена покана до визуелните уметници?
✔️-На овој конкурс ќе може да се пријават сите уметници до 35 годишна возраст со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години). Проектот ќе треба да го реализираат во мултимедијалниот објект Мала станица во ноември – декември 2020 година.
Уметникот/уметницата кој/а ќе биде избран/а да ја реализира изложбата ќе добие 50.000 денари хонорар за изработка на делото, и буџет од 100.000 денари за реализирање на делото кој ќе се распоредува и исплаќа согласно тендери преку Галеријата.
✔️-Уметничките дела со кои ќе аплицираат авторите може да бидат во било кој медиум: слики, фотографии, видеа, инсталации, скулптури итн. Проектот мора да биде нов и нереализиран.
Од сите пријавени трудови/автори на конкурсот, стручно жири составено од тројца меѓународно признати стручњаци од областа ќе направи избор на автор чија изложба ќе биде реализирана.
Галеријата, по потпишаниот договор, ќе има обврска да испечати каталог за изложбата, B5, 48 страници со корица, на македонски, албански и англиски јазик и да организира пригоден коктел за отворањето.
✔️-Пријавите мора да содржат: кратка наративна биографија (не повеќе од 300 зборови), опис на концептот на проектот (не повеќе од 500 зборови, јасно артикулиран концепт на нов неизведен проект – дипломски работи не се прифаќаат), визуелен материјал кој ќе биде потврда на претходниот уметнички ангажман на уметникот, но и визуелна потврда на новата продукција (дури и на ниво на мапа), финансиска конструкција за реализација на проектот (согласно планираниот буџет).
-Само апликациите кои ги содржат сите делови ќе бидат разгледувани. Апликацијата мора да биде исклучиво во PDF формат, максимална големина 10 MB. Нема да бидат прифатени dropbox, wetransfer или слични фајлови. Материјалот треба да биде двојазичен (македонски и англиски) пишуван во адекватна поддршка согласно јазикот, во Times New Roman, 12 font,сo 1,5 проред.
✔️Пријавите пратете ги до 20.7.2020 год. на ✨Ngm@nationalgallery.mk
____________________________________________
***Теkстот во целост е превземен од официјалната Фб страница на Националната Галерија на Македонија***

НЕМА КОМЕНТАРИ