Ако сакате да изгубите на тежина со вкусен оброк полн со хранливи материи, тогаш смути е вистинскиот избор за вас.
Покрај тоа што ќе ви помогне да изгубите на тежина, да ги изгубите перничињата на мевот, тој е одличен сојузник во одржувањето на здравјето и долгорочното слабеење, под услов да го консумирате наутро наместо нездрав појадок како што се тесто од бело брашно и брза храна.
Смути е совршена замена на класичниот оброк, но ако не го направите со вистинско количество овошје, можете да добиете пијалок полн со шеќери по што наскоро ќе бидете гладни.

Не правете смути ако не се богати со растителни влакна и ограничете ја количината на овошје само на една чаша. Ова значи дека ако мешате различни овошја како банани и бобинки, користете половина мала банана и половина чаша диви бобинки.

Нутриционистите советуваат да ставите максимум една шољичка овошје и многу зеленчук во пијалакот. Овошјето и зеленчукот исто така обезбедуваат многу корисни хранливи материи како што се влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Влакната помагаат во контролата на шеќерот во крвта и ни помагаат да бидеме сити.

Препорачаниот зеленчук е спанаќ и кељ, а од овошје банани и шумски плодови. Банани, бидејќи тие даваат фина, густа текстура на пијалакот, а шумското овошје бидејќи тие имаат најголема содржина на влакна.

Кога станува збор за течна база, препорачливо е да се избегне употреба на шеќерни пијалоци. Користете обично млеко, кокосова вода или млеко од бадеми.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави костими за капење од H&M!
Следна објава„Muscle Tee“ е најмодерната маица на летото!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ