Рафаел Надал се покажа како вистински господар на различни тениски игралишта ширум светот, a овој пат, ни покажува како владеe на отворено море…
Сметан за еден од најдобрите тенисери на светот, овој спортист купи сосема нова јахта Sunreef 80 Power, која беше доставена во неговиот роден град Мајорка. Кога станува збор за катамарани, мора да признаеме дека овој е еден од најдобрите што сме виделе досега. Јахтата може да смести 12 гости во четири кабини и мастер апартман.

Постојат неколку врвни удобности кои се нудат, како спа базен со водопад кој се наоѓа на горната палуба, модуларен кров, бар и чардак, како и раскошно и декадентно украсени места за релаксација.

Бидејќи сликата вреди повеќе од илјада зборови, имате доста од нив во нашата галерија, а мора да потенцираме дека овој катамаран вреден пет милиони долари комбинира удобност со неверојатни способности и функционалност на море.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDIESEL модни парчиња за фановите на ”La Casa de Papel”
Следна објаваЦветни мурали на здодевните урбани фасади
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ