Diesel лансираше специјална колекција за фановите на популарната серија на Netflix La Casa de Papel и ве поканува да станете дел од бандата. Колекцијата вклучува маици и дуксери во бела, црна и црвена боја, како и јакна и капа. Diesel исто така го создаде црвениот комбинезон на најбараната шпанска банда од серијата што го освои светот.

Креаторот на серијата Алекс Пина ја започна серијата во 2017 година. Серијата стана една од најгледаните серии на Netflix. Заплетот на шпанската серија „La casa de papel“ се врти околу напад врз шпански објекти и е предводена од мистериозен и интелигентен лик по име „El Profesor“ кој собира група талентирани криминалци за извршување на грабежот на векот. Секој од ограбувачите има име, код ,по еден од светските градови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОнлајн дискусија #3: Музиката во македонскиот игран филм
Следна објаваРафаел Надал се поднови со нова супер луксузна јахта!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ