17-ти јуни 2020 (среда), 18:00 часот

Модератор на дискусијата: Ѓорги Пулевски 

Гостин на дискусијата: д-р Александар Трајковски

Oткако звукот и видеото се споија на филмското платно, филмската музика е неизоставен дел од филмскиот расказ. Да се пренесе пораката на филмската музика од имагинацијата на нејзините креатори до ушите на публиката е магичен момент кој може да диктира расположение, темпо и динамика.

Музиката во македонскиот филм е тема која на академско ниво не е често обработувана кај нас. Влијанијата на различните правци во различни периоди и простори во македонскиот филм е тема која се уште буди интриги кај филмските зависници. Нашиот соговорник д-р Александар Трајковски пионерски со својата книга „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ (2019) структурно го прошири оспегот на сфаќањата за филмската музика кај нас, преку пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите Трајковски ги правел за потребите на неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, под менторство на проф. Д-р Ганка Цветанова, инаку и рецензент на книгата.

Александар Трајковски e роден 1978 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност на одделот за музичка теорија и педагогија, каде го одбранил и магистерскиот труд „Организацијата и содржината на музичката настава во Република Македонија во периодот од 1950 до 1962 година“.
Досега учествувал на повеќе меѓународни конференции и симпозиуми со научни трудови кои обработуваат теми од областа на музикологијата и музичката педагогија и е автор на поголем број трудови објавени во реномирани музички и културолошки списанија и научни зборници. Автор е и на монографијата ,,70 години АКУД Мирче Ацев”, коавтор на книгата ,,Зина Креља, сопран, првенка на Операта при Макрдонскиот народен театар”, а се јавува и како дел од авторскиот тим на монографијата за режисерот Бранко Гапо. Добитник е на наградата ,,13 Ноември” за публицистика за 2019 година.

Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура / Ministria e Kulturës

P.S. Видео од дискусијата #1: Која е улогата на синдикатите денес? 

https://www.facebook.com/101239454814370/videos/541715379854398/?v=541715379854398

Видео од дискусијата #2: Политичката димензија на хип хопот

https://www.facebook.com/101239454814370/videos/206030470485702/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБакнувањето е лек за целиот организам!
Следна објаваDIESEL модни парчиња за фановите на ”La Casa de Papel”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ