Дали знаете дека бакнувањето позитивно делува на нашиот цел организам и ни прави генерално добро. Не се шалиме, се што ќе прочитате тука, научно е докажано, затоа бакувајте се, што можете повеќе!

  1. Бакнувањето е добро за забите – постои причина зошто бакнежот се нарекува влажен. Со бакнувањето се создава материја која ги плакне бактериите на забите и го спречува настанувањето на плакот.
  2. Бакнувањето ги согорува калориите – не се радувајте веднаш, дека со бакнувањето можете да ги замените тренинзите. Со бакнежите трошиме 2 до 6 калории во минута. Исто така, со бакнување се активира специфичната работа на фацијалните мускули кои можат да го одложат создавањето на бори околу устата.
  3. Бакнувањето го зголемува имунитетот – секако дека со бакнувањето пренесуваме бактерии, но, истражувањата докажаа дека, некои од бактериите што многу често ги примаме преку бакнувањето, можат да бидат многу добри за нашиот организам. Првенствено затоа што со пренесување во нашиот организам се создаваат антитела, кои што, доколку тие станат во нешто критично, ќе имаме тела за одбрана.
  4. Бакнувањето го намалува стресот – го знаете чувството по бакнувањето? Научно е докажано дека по бакнувањето, значително се намалува нивото на стресниот хормон кортизол, во организмот.
  5. Бакнувањето ги намалува алергијските симптоми – сите оние кои патат од сезонски алергии знаат колку иритира кивањето, кашлањето, насолзени очи и другите симптоми, на среќа, на оваа не заразна болест. Јапонското истражување покажало дека паровите кои се бакнуваат најмалку 30 минути, дневно им се намалуваат количините на алергенот IgE, протеинот кој го предизвикувз кивањето.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAngry Birds во реалниот живот преку објективот на Ossi Saarinen
Следна објаваОнлајн дискусија #3: Музиката во македонскиот игран филм
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ