Не се споредувајте со другите. Ако постојано гледате наоколу за да видите каде се другите и дали се побрзи од вас, губите многу од сопствената енергија и фокусот. Гледајте напред и не се замарајте со другите.

Но, прашањето е дали треба да се споредувате со вашите пријателки?

Во оваа смисла, постојат недостатоци во социјалната споредба, посебно во „споредување со поуспешните“ со луѓе што ги познавате и со кои сте блиски. Нечија туѓа промоција или неодамнешен ангажман може да ви предизвика чувство на ниска самодоверба, особено ако вашата самодоверба е на ниско ниво или ако сметате дека туѓите успеси се надвор од вашата лига.

Ако достигнувањата се чувствуваат недостижни, па некои сметаат дека никогаш не би можеле да бидат толку успешни, тие избираат да не го следат својот напредок.

Споредбата на себеси со другите е драстично променета со појавувањето на социјалните медиуми. Бесконечниот проток на слики може да ја избрише самодовербата толку брзо што забораваме дека тие слики се, всушност, внимателно избрани за да ги прикажат луѓето во најдобро светло.

Наместо да се споредувате со пријателките, нивните успеси доживувајте ги како поттик за напредок. Никогаш не се потценувајте затоа што мислите дека нешто не е над вашите можности. Можете да постигнете сè што ќе замислите, ако вложите доволно труд и работа.

Претворете ја зависта во можност да ги разберете сопствените вредности и цели. Бидете благодарни. Изразување благодарност за она што веќе го имате, ве заштитува од размислување за она што не сакате да бидете. Тоа ви помага да ја видите големата слика и да ја спречите парализата која може да ја донесе зависта. Запомнете, триумфот на другата личност не е лишување од она за што сте способни.
Наместо да се запрашате: Зошто не јас? Запрашајте се: Што можам да научам од успехот на другите луѓе? Истражете ги чекорите кои тие ги презеле за да ги постигнат своите цели. Нека нивните победи ја стимулираат вашата желба за успех.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВенчаници во бохо стил за лето 2020!
Следна објаваНа седмо небо: Џиџи Хадид во тотален изглед од машката колекција на Луи Витон!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ