Веројатно сте слушнале за мелатонин, хормон што го лачи телото преку ноќ и го подобрува квалитетот на спиењето. Но, мелатонинот стана најновата состојка во многу козметички производи кој и помага на вашата кожа да се регенерира и успешно да се бори против стареењето.

Хормонот мелатонин е клучен елемент во циклусот на спиење. Кога почнува темнината, мозокот, сигнализиран од промена на светлината, го ослободува мелатонинот, создавајќи потреба за сон. Мелатонинот веќе долго време е достапен како орален додаток, а научните истражувања ги откриле неговите антиоксидантни својства, што го прави многу корисна состојка во нега на кожата.

Целиот ден нашата кожа е изложена на УВ зрачење кое може да ја оштети. Нашето тело создава антиоксиданти со помош на антиоксидантни ензими. Мелатонинот го промовира природното производство на овие ензими во организмот. Овие антиоксиданти предизвикани од мелатонин се поефикасни од оние на витамините Ц и Е.

Уште еден плус за додавањето на мелатонин во производи за нега на кожата: не постои ризик од несакани ефекти како што се главоболка, вртоглавица, гадење.
Мелатонин работи ефикасно со вообичаените состојки против стареење, како што се ретинол и витамин Ц. Исто така, ја „надополнува“ хијалуронската киселина во подобрувањето на еластичноста на кожата. Употребата на производи со мелатонин се препорачува во текот на ноќта кога кожата најдобро се обновува.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРецепт за ледено кафе
Следна објаваМокасините со високи потпетици се најголем тренд во сезонава!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ