/ Малите суштества од Карантина / КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

Проектот се реализира од страна на Град Скопје во соработка со градските културни установи.

Nenad Tonkin е мултидисциплинарен уметник и нереализиран професор по предучилишно воспитание. Во полето на визуелната уметност создава концептуални скулптури и инсталации, цело време размислува за сценски дизајн и театар, кога наоѓа време и желба продуцира и компонира електронска музика, а во кујна ужива да се занимава со тесто.

Имагинативна приказна за пет мали суштества кои немо го сведочат животот на две човечки битија и една мачка затворени во стан за време на карантинска изолација. Неприметни и воајерски потсокриени, малите суштества ги забележуваат сите секојдневни или несекојдневни дејства, навики и случки во тој стан за време на полициски час од утро до мрак.

*Изложбата официјално се отвора тука во 12 часот на 30 април*.

Извор: (Младински Културен Центар)

НЕМА КОМЕНТАРИ