Кога ќе се спомене познатата француска кујна, лаиците ќе помислат на некое сложено јадење со состојки чие име тешко можеме да го изговориме, а камоли да се најде во продавниците. Сепак, познавачите знаат дека генијалноста честопати лежи во едноставноста, па затоа ќе препорачаат еден француски класик познат како – киш.

Личи како наша пита, а за тестото ви требаат само 125 гр путер, 180 гр остро брашно и 2 – 3 лажици ладна вода.

Посебен вкус му дава празот, ефтина намирница. Сепак, освен празот, можете да користите и моркови, сланина, спанаќ…

За полнење, покрај 1 кг праз, подгответе малку гриер сирење, или кое било друго тврдо сирење, 1 лажица гриз, 3 јајца,чаша павлака, малку мелено морско оревче, сол и бибер.

ПОСТАПКА
За тесто:
Измешајте го путерот и водата со брашното, месете го тестото и оставете го фрижидер  30 минути. Потоа направете кора во круг со дијаметар од 24 см и подгответе тркалезна тава за печење, како за пита.

Од празот исечете ги коренот и старите лисја, потоа на половина по должина и исечете ги на прстени. Празот се вари во зовриена вода со сол додека не омекне. Извадете и исушете го на хартиена крпа.
Изматете ги јајцата со павлаката, сол, бибер и додадете го морското оревче. Изрендајте го сирењето или исечкајте го на мали коцки. На кората прво ствете го гризот и сирењето, потоа празот и јајцата со павлака. На крајот изрендајте го преостанатото сирење.

Печете околу 30-35 минути на 180 степени, а сервирајте секогаш топло, дури и подгреано Ова француско јадење оди одлично со бело вино.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДо совршена линија без целулит со неколку чекори
Следна објава/ Малите суштества од Карантина /–КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ