Етеричните масла се ефикасен начин за борба против стресот; овие 4 се најдобри

Во целата оваа ситуација со вирусот корона, целосно заборавивме на позитивното расположение кое вообичаено нè одржува во рана пролет, така што повеќето луѓе се премногу стресни.
Најлесен начин да се ослободите од стресот, покрај длабоко дишење, е да користите есенцијални масла пред спиење за релаксација бидејќи мирниот и квалитетен сон ефикасно помага во борбата против стресот.
Избегнувајте да ги читате различните вести пред спиење и подобро да го поминете тоа време опуштено со есенцијални масла, а ние ви ги потенцираме 4-те најдобри есенцијални масла за да се справите со стресот.

Масло од роза
Розата е фантастична за емотивните состојби затоа што помага да се справите со депресија и вознемиреност, помага при напади на паника и ги решава чувствата на шок и жалост.
Масло од лаванда
Лавандата е позната по своите релаксирачки својства. Тоа ќе ви го олесни спиењето, ќе го олесни почетокот на паника, ќе го опушти вознемирениот стомак и општото чувство на нервоза.

Ylang Ylang
Ова многу популарно масло во светот на убавината може да помогне при вознемиреност, стрес и депресија затоа што има релаксирачки ефект. Иланг Иланг поттикнува радост, храброст, оптимизам и го ублажува стравот, а исто така може да помогне при несоница. Сепак, внимавајте затоа што не е добро да користите масло Ylang Ylang кога имате низок крвен притисок.

Мало од камилица
Релаксирачката арома и вкусот на камилицата придонесуваат за хармонија на духот, намалувајќи ја раздразливоста, вознемиреноста и загриженоста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОсновни тренди парчиња за пролет 2020 година!
Следна објаваКоја модна комбинација би ја облекле веднаш?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ