Со оглед на постојано менување на состојбата со коронавирусот, КОВИД-19, работата од дома стана дел од секојдневната рутина на скоро секое вработено лице.

Тешко можеме да ги примениме нашите навики на работа во домашна атмосфера и честопати се бориме да ја најдеме вистинската рутина, за да се придржуваме кога работиме од дома.
Затоа ви носиме совети како да ја направите работата од дома удобна и ефикасна.
Работно место
Ако работите во канцеларија и сега се наоѓате дома, можеби ќе ви пречи
„новата“ средина. Сè, од бучните камиони за испорака на улица до прекрасното кученце во скутот, може да ви го сврти вниманието од она што треба да го изработите.
Одберете го местото во вашиот дом со најмалку потенцијал за пречење, каде се наоѓаат сите основни работи како компјутерот и бирото.
Обидете се да најдете место во близина на прозорецот со природна светлина, за да не се чувствувате целосно отстранети од светот.

Работата на прво место
Кога работите од домашна канцеларија, тоа ви помага во одржување на распоредот и работното време.
Сега можете да си дозволите флексибилност, но препорачуваме прво да ги исполните сите свои работни обврски.
Одговорете на сите пораки, на сите повици и работете се што нормално би го работеле во канцеларијата.
Откако ќе ги завршите сите работни обврски, посветете се на домашна работа.
Исто така, не се занимавајте со работа во време кога треба да се дружите со вашите најблиски.
Направете распореди и поставете строги правила кои треба да се следат.Со оглед на постојано менување на состојбата со коронавирусот, СОВИД-19, работата од дома стана дел од секојдневната рутина на скоро секое вработено лице.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР