Мудри мисли на познат американски психотерапевт кои ќе ве направат подобра личност
Ирвин Јалом е познат американски психотерапевт и автор на неколку хит книги: Кога Ниче плачеше, Лечење со Шопенхауер, Лежење на каучот, Проблемот Спиноза…
Секој човек мора сам да одлучи, колку вистина може да поднесе.
Запрашајте се кои се тие луѓе кои се сигурни во себе, вечно весели и смирени. Такви се само луѓе без визија, обични луѓе и деца… Очајот е цената што човекот ја плаќа за неговата самосвест.
Само ранет исцелител, навистина може да лечи.
Од голема висина, секоја трагедија изгледа помалку трагична.
Животот е искра на светлина помеѓу две празнини: темнината пред раѓањето и темнината на смртта.
Не раѓајте деца сè додека не сте подготвени да бидете творци и да создадете творци.
Погрешно е да се раѓаат деца од потреба, да се користи дете за да се исполни сопствената осаменост, да се прават копии од самите себе за да си обезбедите цел.
Погрешно е да барате бесмртност со сеење на вашето семе во иднината, како да тоа ќе ја задржи вашата свест.
Човечкиот дух е составен од неговите избори.
Фантазирам за љубов која е повеќе од желба на две лица да се поседуваат еден со друг.
Кога принудувате некое лице со редок талент да направи работа која е само корисна, тоа е како да користите скапа и деликатно украсена вазна како лонец во кујна.
Порано или подоцна ќе мора да се откажете од желбата за поубаво минато.
Да се сака, значи активно да се грижите за животот и развојот на другото битие.
Стравот од смртта е мајка на сите религии, секоја се обидува на свој начин да ја ублажи агонијата на нашата конечност.
Живи додека си жив! Смртта го губи ужасот тогаш, кога некое лице го живеел својот живот целосно. Оној кој не живее во право време, не може да умре во право време.
Не дозволувајте животот вас да ве живее. Во спротивно, ќе ги дочекате вашите четириесетти години како да не сте живееле. Живејте сега така, што во педесеттите години нема да погледнете назад со жалење на четириесеттите години.
Љубовта не е само искра на страст меѓу две лица. Постои бесконечна разлика помеѓу вљубувањето и љубовта.
Љубовта е начин на постоење, модел на живеење во врска, а не чин ограничен само на една личност.
Дали мислите дека цветот цвета за да биде виден? Тој цвета за себе, а не за другите.
Бракот не треба да биде затвор, туку градина во која се одгледува нешто благородно.
Домот не е место – тоа е состојба на свеста.