Германија би можела да биде уште една од голем број европски земји кои оваа година ја ограничуваат употребата на електрични тротинети.

Ако Бундестагот, горниот дом на германскиот парламент, донесе измени во законот за транспорт, електричните тротинети би можеле да бидат избркани од улиците од 1 јуни.

Предложените измени ќе им дадат на германските градови дискреционо право да одлучат дали да ја ограничат или целосно забранат употребата на ова попопуларно алтернативно транспортно средство.

Сепак, компаниите кои се занимаваат со изнајмување на десетици илјади транспортни микросредства се плашат, затоа што таквата измена во законот потенцијално би можела да го загрози нивниот бизнис.

Во овие лесни електрични возила многумина гледаат ефтин, незагадлив превоз, додека за други тие се „напаст“ заради раширениот вандализам и хаотичното возење, како и заради неколкуте сериозни сообраќајни незгоди во Минхен.

По ваквата одлука, Германија не би била сама во своите намери. Париз, Брисел и Милано веќе усвоија регулативи со кои се ограничува користењето на овие превозни средства.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБелгикскиот дизајнер Раф Симонс е новиот креативен директор на италијанскиот бренд Прада!
Следна објаваНаједноставна фризура за една минута!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР