Како дел од програмата на „Златна рамка 2020“ в недела на 16 февруари со почеток во 11.30 часот во кино Фросина, ќе се одржи трибина, насловена како „Жената во македонскиот филм“. Во насока на сите заложби за подобрување на статусот на филмските работници, се очекува широка дискусија за улогата и статусот на жените вклучени во сите сегменти на реализација на еден филм.

Воведни говорници се: 

  • Наталија Теодосиева – актерка
  • Кристина Леловац – актерка
  • Емилија И. Атанасовска – костимографка
  • Даријан Пејовски – режисер
  • Перо Арсовски – актер. 
  • Модератор на трибината е филмскиот критичар Влатко Галевски

Во интерес на подобрување на состојбите потребна е масовна посетеност на трибината. Новинарите, критичарите и целата јавност е добредојдена да учествува.

 

Предизвикот на оваа трибина е да се дадат одговори на бројни прашања како:

  • Колкава е застапеноста на жените во домашната кинематографија
  • Какви биле женските актерски улоги во минатото, а какви се денес, 
  • Колку во сценаријата авторите ги потенцираат сите идентитети на еден женски карактер, 
  • Дали во филмската индустрија жените продуцентки заземаат доволно место, 
  • Колку се почитува пожртвуваноста на актерките во нивната професија…
СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетен хит!
Следна објаваМодна недела во Њујорк: 30 модни стилови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР