Валентина Савова е сликарка, (визионерка) која преку своите уникатно создадени уметнички творби внесува хармонија, мир, љубов, оплемеувајќи го просторот со витална животна енергија секаде каде што се присутни нејзините мандали. Мандалата е апстрактен цртеж чиј основен принцип е кругот. Зборот води потекло од санскритскиот јазик. Мандалата претставува хармонија, односно целовитост на универзумот. Со креирањето на Мандалата како динамичен симбол, неговиот создавател го хармонизира постоечкиот ‘хаос’, при тоа создавајќи нов свет, воспоставувајќи балансирана духовна димензија. Ја посетивме Валентина во нејзиното студио каде покрај создавајќи уметнички дела единствени од таков вид на нашите простори, таа се занимава со Реики Метод.

  • ::И благодариме што одвои од нејзиното време да ни одговори на неколку прашања.::

ДИВИАНАРТ: Валентина, што значат за вас мандалите и како започнавте со овој вид на уметност?

Валентина: Ликовната уметност отсекогаш ме привлекувала, уште од моите ученички денови. Сликарството за мене претставува креација, љубов, експресиија но и хармонизација на внатрешните емоции, поточно еден вид “тонење”во медитавна состојба. Мандалите ги изработувам веќе 18 години и се уште истражувајќи, највеќе се пронаоѓам во поинтилизмот како сликарска техника.

ДИВИАНАРТ:Дали при создавањето на вашите дела е присутен моментот на медитативна состојба каj вас? 

Валентина: Во процесот на создавање на секое мое ново дело присатно е чувството на “влегување во тивка состојба на умот”, при што се воспоставува врска со Универзалниот Креативен Ум од каде протекуваат нови идеи за уметнички творби.

ДИВИАНАРТ:Покрај сликањето вие се занимавате со Реики Методот. Дали пронаоѓате поврзаност помеѓу овие две нешта? 

Валентина: Иако моето сликарство не е директно инспирирано од мојата работа како Реики терапевт, двете техники ги поврзуват заеднички нешта како што седуховноста, светлината, интуицијата….

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР