Денешната дојава за подметната направа во просториите на најголемиот затворен трговски центар – Скопје Сити Мол, ги мобилизираше буквално сите вработени, вработените во продажните места и менаџментот со цел безбедно да ги евакуираат посетителите. 

“Обемноста на објектот е голема, затоа поради ваков тип на случувања, Скопје Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош. На овој начин ги запазуваме сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер, им благодариме на сите вработени со чија помош успеавме за неполни 5 минути да ги евакуираме сите.” – изјави Ебру Радевски, извршен директор на Скопје Сити Мол.

Во евакуацијата учествуваа и припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош.  

“Истрагата е во тек, а во јавноста ќе изнесеме официјална информација во текот на денот.” – додаде Ебру Радевски 

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 трендови како да ја претворите вашата куќа во еко-пријателски дом
Следна објаваNaomi Campbell e sвезда во новата кампања на Vivienne Westwood!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР