Сите оние кои сакаат собно цвеќе, треба да знаат дека дрвото од банана е егзотична билка со големи мазни лисја, а е совршен хит за украсување на нивниот дом.

Ова источноазиско растение е едно од најстарите култивирани растенија со повеќе од 400 видови, распространети низ целиот свет. Ако сте решиле токму ова растение да ги украсува вашите простории, кога ќе го купувате, не заборавајте да барате знаци на болести и штетници.

Кога купувате дрво од банана, земете ја во предвид големината на садот во кое е поставено и висината на растението. Ова тропско растение сака топли услови и не може да издржи температури под 11 Целзиусови степени. Сака многу дневна светлина, но не смее да биде директно на сонце.

Треба да го наводнувате често, но внимавајте да не претерувате бидејќи може да се појави гниење на коренот.

Нахранете го со ѓубриво на секои две недели за да му помогнете на вашето дрво да расте здраво и убаво.

Може ќе бидат потребни уште три години за да се појават првите цветови кои се потребни за појавување на плодовите.

Ако навистина сакате да имате плод од банана дрво, држете го растението на место со многу светлина и висока температура и вооружете се со трпеливост.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпектакуларна мансарда во Трибека Москва!
Следна објаваПрограма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР