Дали размислувате да купите мансарда или да го реновирате вашиот стан?

Поткровјето во Трибека стилот, може да биде вистинската работа за вас. Освен ако не сте сигурни каков е тој стил, примерот за кој зборуваме овој пат ќе ги расчисти сите нејаснотии.

Сместена во Москва, оваа мансарда (74 м2) и беше дадена на студиото за дизајн Јором. Мансардата е сместена во поранешен фабрички простор кој е редизајниран и сега претставува една од најубавите и најпопуларните области на Москва.

Главната карактеристика на оваа мансарда е секако големиот прозорец што го покрива цел еден sид. Благодарение на него, дневната соба изгледа пространа, додека самиот стан е исполнет со природна светлина. Исто така, прозорецот дава спектакуларен панорамски поглед на прекрасен дел од Москва, со таваните високи шест метри.

Дневната соба е удобна и нуди доволно места за седење, при што доминантни се неутралните сиви тонови, прошарани со сини и тиркизни детали.

Во еден дел од дневната соба има голем, удобен тросед украсен со мноштво перници, кои ве мамат да седнете и да се опуштите.

Кујната е модерна и совршено опремена, така што има сè што треба за да се подготват здрави и вкусни оброци.

Кога станува збор за канцелариски простор, тој е сместен под модерното метално скалило.

Горниот кат е резервиран за приватен простор, така што се состои од спална соба, голема соблекувална и бања, нудејќи им на сопствениците сè што е потребно за да ги направат да се чувствуваат удобно. Мора да признаеме дека бањата е еден од најубавите делови на овој стан, со изобилство на природна светлина и зелени растенија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИгра на геометриски форми!
Следна објаваБанана дрво е новото хит собно растение!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР