Културно-социјален простор Центар-Јадро ве поканува на настанот, кој е финален продукт на едномесечниот резиденцијален престој на слем-поетот и социјалниот едукатор од Финска, Јухо Кууси.

Во рамките на резиденцијалниот престој кој се реализира во периодот од 20.11–13.12.2019 г., финскиот поет и гостин на КСП Центар-Јадро во Скопје одржа серија на работилници за слем-поезија и изведувачка поезија со македонски поетеси и поети.

 

;;Меѓу нив учествуваа: Елена Пренџова, Сандра Авросиевска, Дамијан Каранфилов Гулев, Даница Ивановска Лепојевиќ, Цветанка Колева, Тања Кузманоска, Игор Поп-Трајков и Светлана Купенкова. Тие ќе настапат на вечерта на изведувачка поезија со нивните нови дела создадени во рамки на работилниците.;;

По настапот на македонските поетеси и поети, гостинот од Финска, Јухо Кууси, ќе има музичко-поетски перформанс, на кој ќе настапи со комбинација на неговата авторска поезија и музика.

Јухо Кууси е двократен победник на Финска во слем-поезија, со над 10-годишно изведувачко искуство во Финска и интернационално. Неговите песни се објавувани во книжевни списанија и антологии, а својата дебитанска книга поезија ќе ја издаде во 2020 година. Кууси предава уметност на изведување поезија на млади и возрасни во образовни институции од различни степени во Финска.

Слемерот Јухо Кууси е на едномесечен резиденцијален престој во Македонија како дел од пилот-шемата за културна мобилност „и-Портунус“ во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија.

Благодарност до организаторот за отстапениот материјал.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба на фотографии “Фото Есеј” · [Фото клуб Елема]
Следна објаваКласичнo сина e главна боја за 2020!
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР