„ФОТОЕСЕЈ“ е еден исчекор во фотографската уметност кој природно се наметна во ФК ЕЛЕМА. Со оваа изложба нашата намера е на побликата да и се претстави еден малку поинаков приод кон фотографската уметност, изразен преку повеќе кратки приказни раскажани преку фотографиите на авторите, кои сепак создаваат една целина преточена во една заедничка приказна.

Ваквиот интерактивен пристап, претставува многу комплексна работа како за авторите, кои треба преку својот фотографски израз да раскажат и да ја доловат тематски својата приказна, така и за селекторите на фотографиите кои треба тоа да го препознаат и да го состават во една компактна целина.

Реализацијата на проектот „ФОТОЕСЕЈ“, поради својата несекојдневност, уникатност и комплексност, за членовите на ФК ЕЛЕМА, претставуваше голем предизвик, кои со својот интузијазам и љобов која ја негуваат кон фотографската уметност, го организираа и реализираа овој проект.

>>На изложбата се претставени 10 кратки приказни изразени преку 21 фотографија од 11 автори.<<

Премиерно, првото издание на проектот „ФОТОЕСЕЈ“ ќе биде претставено во Музејот на Република Северна Македонија, со тенденција во следните изданија да стане и Меѓународен салон за фотографска уметност.

Голема благодарност до сите кои го помогнаа проектот.

Претседател на ФК ЕЛЕМА
Вацлав Лукиќ

Благодарност до организаторот за отстапениот материјал.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР