Сите деца ќе можат да уживаат во Новогодишниот чоко свет во Скопје Сити Мол од овој викенд па се до 05 јануари 2020, децата. Секој од вас ќе има можност за прв пат да присуствува и да ужива во НОВОГОДИШЕН ЧОКО СВЕТ кој секој од нас ќе го направи посебно среќен пред новогодишните празници.

“Многу сме среќни што Скопје Сити Мол секоја нова година така и оваа, успева да направи нешто ново за своите посетители. Овој пат ја имаме изложбата на Новогодишен чоко свет која е веќе поставена и со тоа Скопје Сити Мол уште еднаш се позиционира како лидер во забавата кај трговските центри кај нас. Предновогодишната магија во Скопје Сити Мол, како и секоја година ја прави да биде посебна вашата посета. Имаме многу активности за најмладите кои со сигурност ќе имаат незаборавно искуство. И оваа година ја имаме најголемата и најубавата елка, а ќе го имаме и дедо мраз кој ќе ги забавува со музика и песна на пијано”. – изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Богатата програма и предновогодишна магија ќе им овозможи на најмладите да уживаат во интерактивните тури каде ќе ги пречекаат професионални актери во улогите на ликовите на Новогодишниот чоко свет. Турите ќе се одвиваат секој викенд, започнувајќи во петок од 18:30 до 20:30 часот, а сабота и недела ќе има двa термини со повеќе тури од 13:00-15:00 и од 18:00 до 20:00. Исто така, ќе бидат организирани и детски работилници за најмладите сабота и недела од 11:00 часот, како и претстави во салите од 11:45, покрај елката на главниот влез Дедо Мраз ќе ги забавува токму тој со песни и музика на пијано. И оваа година ја имаме магичната елка, која е поставена во внатрешноста на молот. Скопје Сити Мол е вашиот сојузник кој преку игра забава и смеа ќе не наврати сите во детството кога приказните го имаа нашето најголемо внимание.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFashion Awards 2019: Urban Luxe за Rihanna!
Следна објаваPavone (паун) фотеља – соработка на VISIONNAIRE & MARC ANGE!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР