ЕНИ Јуниор, Бродвејски Мјузикл

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, ја раскажува приказната за малото сираче Ени – алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.
Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други.

Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели – во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”.

Почеток,20.00 часот во Македонска Филхармонија 23 декември(понеделник)

 

Превземено од официјалната страница на Мјузикли за деца и младинци – Broadway JR.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР