Одржлива мода (sustainable fashion) е збор кој се почесто го слушаме. Stella McCartney, Gucci, Saint Laurent, Adidas ги трансформираат своите линии преку парчиња од одржлива мода, а и со начинот на кој управуваат со бизнисите. Но што е всушност одржлива мода? Ова најдобро може да го одговориме преку пример: “Дали знаете дека за производство на една маица се трошат 2700 литри вода? Што ако можеме да произведуваме облека и да ја заштитиме планетата земја?“ Токму тоа е сржта на курсот за одржлива мода, кој за првпат во Македонија го организира Creative Hub.

Курсот е поделен на 6 модули, а во фонд од 36 часа учесниците ќе имаат можност и да изработат уникатни модни парчиња кои се подеднакво естетски, етички но и економски вредни. Курсот го држи Виктор Стојкоски кој студирал, работел и живеел во Шведска и Данска, и долго време работи одржлива мода. Тој ќе го пренесе своето искуството, но и мотивацијата за овој концепт за кој допрва ќе слушаме.

На курсот ќе се обработуваат 6 модули меѓу кои и:

– Животниот циклус на облеката

– Zero waste design

– Обновлив моден дизајн

– Реконструкција и концептуална мода

– Концептот на одржливост во областа на сировите материјали

– Вовед во развојни технологии за рециклирање.

Сите заинтересирани можат да се пријават на 071 214 849 или пак да се информираат на https://www.creativehub.mk/future-of-fashion-course/.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПристигнува најубавата празнична колекција досега од МAC
Следна објаваПразнична кампања на Agent Provocateur во каубојски стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР