Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје до 15 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“ во рамките на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во пет градови во земјава.  Во рамките на истиот денеска во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино ќе биде прикажан филмот „Други девојки“ . Филмот е за четири 18-годишни девојки, Џесика, Џени, Тару и Аино кои влегуваат во светот на возрасните губејќи ја невиноста, и на моменти, и нивната верба. Тие снимаат провокативни видео записи за нивните животи во времетраење од една година.  Филмот се базира на вистинити настани. 

Исто така, на 31 октомври во Неготино ќе биде прикажан и тинејџерскиот трилер „Враќањето на Хана“ во режија на Естер Бијалас. Истиот ден во рамките на проектот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе бидат прикажани филмовите „Други девојки“, „Враќањето на Хана“, како и германскиот филм „Тегла полна живот“ со актерката Јела Хазе. „Тегла полна живот“ беше претходно прикажан во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ Свети Николе. 

Проекциите продолжуваат и во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци и Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија. 

Преку овој проект сакаме да и презентираме на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија. 

Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“. 

Со почит, 

МЗФП Скопје 

 

Место и датум: Скопје, 28 октомври 2019

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо Скопје ќе се одржи Саемот на студии во Франција
Следна објава15 модели на пилотски јакни за оваа сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР