АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА, ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ И ОДДЕЛОТ КАМПУС
ФРАНС, В ЧЕТВРТОК 31 ОКТОМВРИ 2019, ОД 12 ДО 16 ЧАСОТ, ВО НАЦИОНАЛНАТА И
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ, ГО ОРГАНИЗИРААТ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ САЕМ НА СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА.

Овогодишниот Саем претставува една „задолжителна“ средба за македонските студенти кои имаат желба да продолжат со студии во Франција и да
ги добијат потребните информации околу студентските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, а
воедно и да се информираат околу програмите за стипендии и за студентскиот живот во Франција.

Овој настан е и прилика да се зацврсти веќе постоечката соработка помеѓу
домашните и француските високообразовни установи.

СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА САЕМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ЧЕТВРТОК 31 ОКТОМВРИ 2019, ВО 12 ЧАСОТ, СО ПРИГОДНИ ГОВОРИ НА :

– Г-дин Фримзим ДАУТИ, Директор на Националната и универзитетска
библиотека ;

– Г-дин Арбер АДЕМИ, Министер за образование и наука ;

– Н.Е.Г-дин Кристијан ТИМОНИЕ, Амбасадор на Франција ;

– Г-дин Ерик ЛОБСТАЈН, Раководител на одделот за меѓународна соработка на Универзитетот Каен во Нормандија.

Настанот се организира во соработка со Националната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

11:45 Отворање на саемот за публика 12:00 – 13:00 Поздравен говор на Г-дин Фримзим ДАУТИ, Директор на 

националната и универзитетска библиотека 

Обраќање на Г-дин Арбер АДЕМИ, Министер за образование и наука 

Свечено отворање на саемот од страна на Н.Е. Г-дин Кристијан ТИМОНИЕ, Амбасадор на Франција, 

Обраќање на Г-дин Ерик ЛОБСТAЈН, Раководител на одделот за меѓународна соработка на универзитетот Каен Нормандија 

13:00 – 14:30 Презентации во конференциската сала : 

– Вовед и основни информации околу студирањето на француските универзитети, процедури, рокови, трошоци за школарина, можност за стипендии- Кампус Франс Скопје – Институт за политички науки Париз- Европски кампус во Дижон – Универзитет Каен Нормандија – Универзитет Клод Бернар Лион 1 – Национален институт за применети науки ИНСА – Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје и Центар за 

универзитетска успешност (CRU) – Универзитетска агенција за франкофонија ( AUF) – Национална агенција за европски образовни програми и 

мобилност 

На програма во текот на денот : 

12:00 – 16:00 Средби и разговори со претставници на француските универзитети 

присутни на саемот. 

12:00 – 16:00 Забавни активности во врска со францускиот јазик – на 

штандовите на Француските алијанси од Битола и од Тетово 

14:30– 15:30 Француски јазик : Квиз на тема студии во Франција 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба 28.10. 2019 2019
Следна објаваЕвропски филм за млада публика во пет градови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР