>>Целта на предавањето е да се запознае јавноста со значењето на креативните индустрии, примена и потенцијали за развој на креативната економија во едно општество.<<

>Предавач на ова предавање е д-р Иванка Апостолова која во 2010 докторира на ИСХ-Факултета за хуманистични штудиј во Љубљана (Оддел: Историска антропологија на ликовното). Од 2011 до 2013 работи како истражувач, доцент предавач и раководител на Катедрата за Студии на културата во Институтот Евро Балкан, Скопје. Од 2014 е визитинг професор на Факултетот за арт и дизајн, Европски универзитет, Скопје, каде што предава Историја на уметност, Историја на дизајн и Современа уметност. Како проектен и програмски координатор, од 2015 до 2017 работеше на разни проекти во Агенцијата за филм на РМ, Фестивалот на филмска камера-Браќа Манаки, Проектот: Скопје 2027 потенцијална престолнина на европската култура; како програмски директор на петтото, шестото и седмото издание на Скопје креатива 2016, 2017, 2018 – Фестивал за креативни индустрии (Hub me with creativity; Do create! / Co-Create!; 7 Times 2 Creativity) и комесар на Македонскиот павиљон на Венециското биенале за архитектура 2016 (Проект: Ничија земја на архитектите Стоун дизајн од Скопје).<<

Агенда на предавањето:
– Вовед
– Практично искуство: Фестивал за развој на креативните индустрии – Скопје креатива
(2016, 2017, 2018)
– Практично искуство: Проект ЕПК Скопје 2027 (2015-2017)
– Практично искуство: Член на истражувачката екипа за креативни и културни индустрии
иницирана од Министерството за култура на Р.С. Македонија 2018/2019
– Соработка со Давор Буињац – словенечки експерт за развој на креативни индустрии
(2015 – 2017), Град Скопје
– Неколку добри примери за применливоста на креативните индустрии во Македонија
(Скопско туристичко лето; Slow Food Macedonia; Macedonia Experience … Европа (EU
проект на мрежата: КреАрт; проекти: Зелена престолнина на Европа, Европска
престолнина на културата, Европски град на театарот … ) и Кина (проектите и
иницијативите на Агенцијата CEEC 16+1).

Предавањето се реализира како дел од активностите на проектот „Kреативните индустрии како двигател на позитивни општествени промени“ финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.

[Благодарност до авторот Др. Иванка Апостолова за отстапениот  материјал].

Др. Иванка Апостолова

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР