Во понеделник на 28ми овој месец во Музеј на Град Скопје ќе биде изложена поставка со одбрани уметнички дела на авторката Маја Стефановска.

` Црвени Емоции`  е насловот на истоимената изложба која ќе биде отворна во 20.00 во Музејот на Градот.

Делата од циклусот „Црвени емоции“ не ја анализираат општествената, социјално-политичка улога и положба на жените, туку ја потенцираат важноста на субјективното (емоционално, сексуално, интуитивно, несвесно). Ова е практично женска уметност што не застапува експлицитно феминистички вредности и уверувања, но делата структурално (тематски и формално) настануваат во рамки што културолошки може да се читаат како специфично женски, со нагласени автобиографски елементи, говор во прво лице и нарација.

За авторот:Маја Стефановска е родена на 10.4.1972 во Скопје.

~~ОБРАЗОВАНИЕ Октомври 1991 – Јуни 1996 Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје Факултет за ликовни уметности диплома во класата на проф. Рубенс Корубин.

~~САМОСТОЈНИ ПРОЕКТИ март 2019 – „ Имагинарни знамиња“ Интернационален фестивал сараевска зима – Сараево 2019 април 2014 – “Птици и мачки” илустрации за хаику поезија во соработка со Александар Прокопиев октомври 2013 – ” Молк” Мултимедијален проект – Мала Станица, Скопје април 2008 – ” (Не) припадност ” Слики масло на платно во Музеј на град Скопје март 2007 – “Дом-Домување-Припаѓање” Самостоен проект во “Алфа Банка” – Скопје ноември 1999 – “U” – Анимиран филм и просторна инсталација во CIX Gallery – Скопје

~~ИЗБОР НА ГРУПНИ ПРОЕКТИ Меѓународен проект Projected Visions – video art on the Balkans 2003 – Espace Senghor – Брисел, Белгија 2002 – International Centre for Contemporary Art – Букурешт, Романија 2001 – Upper School of Decorative Arts – Стразбур, Франција.

~~УЧЕСТВО НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ 2011 – Ликовна колонија Дрен – Прилеп 2009 – Ликовна колонија Требиње 2009 – Ликовна колонија Јахорина 2007 – Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“ 2005 – Јаловичка ликовна колонија – Шабац 2003 – Ликовна колонија Карпино – Куманово 1999 – Ликовна колонија Матејче – Куманово

~~Работи во „ СУГС “ Лазар Танев од 2008 година.

Повелете на 28ми октомври во 20.00 часот на изложбата `Црвени Емоции` на Маја Стефановска.

Благодарност до авторот за отстапениот материјал.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР