Денот на Републиката е голем државен празник на Република Македонија. Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:

  • Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена република, и
  • Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Втори август е прогласен за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево кадешто главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година.

Главната прослава се одржува на Мечкин камен, кадешто имало една херојска борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули во август 1903 година, но и во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Меморијален центар на АСНОМ — културно-историски и спортско-рекреативен центар во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински.

Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински.

На фасадата на музејот се наоѓа монументален мозаик од 140 квадратни метри – Македонија дело на македонски сликар Рубенс Корубин. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински“, во која се одржало Првото заседание на АСНОМ, до неа е и спомен-собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва лето бисерите се “statement” накит!
Следна објаваГодинашната ревија на Victoria’s Secret е откажана!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР