КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МММ “САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР”; Уметнички раководител/ диригент: Олег Кондратенко

Црква Св.Софија

29.07.2019

21:00 ч.

 

Уметнички раководител/ диригент: Олег Кондратенко

Солисти: Софија Никоска- виолина

Иван Трајaновски-саксофон

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ- Скопје, но и гости музичари од други земји.  Повеќе од 350 млади музичари биле дел од овој уникатен состав кој низ годините се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети.  Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска, а оркестарот има постојана тенденција за промовирање на млади диригенти (Дијана Илкоска, Иван Еминовиќ). Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина.  Оркестарот има остварено повеќе радио и ТВ снимки, но има и сопствена ЦД продукција со издадени 5 носачи на звук. Веќе 32 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните 12 години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент  Саша Николовски-Ѓумар,  а годинава по втор пат летната сесија на оркестарот и концертите се под раководство на истакнатиот педагог и виолинист Олег Кондратенко.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд: шарпи во коса!
Следна објаваТајланд: Anantara Chiang Mai Resort ќе ве остави без здив!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР