Дали некогаш сте посакале да живеете како Сони и Шер или да се забавувате како Џеј-Зи и Ријана? Ако е така, Owlwood Estate може да ги исполни сите ваши желби, под услов да имате 115 милиони долари.

Дизајниран од страна на познатиот архитект Roberta D. Farquhar во 1936 година, овој  имот во Лос Анџелес има уникатен стил на италијанска ренесанса, а главната вила е акцентирана со кристални лустери, мермерни камини и дрвени облоги. Влезот има раскошно двокатно спирално скалило, кое совршено одговара на имотот со славното педигре.

Всушност, Сони и Шер живееле тука во еден период од својот живот. Поконкретно, дуото го посетило Тони Кертис, кога тој тука ја организирал неговата роденденска забава, а Шер се заљубила во имотот и го купила неколку години подоцна. Пред тоа, Џо Шенк, претседателот на 20thCentury Fox, бил сопственик на овој имот. Неговата  девојка, Марилин Монро, често го посетувала тука.

Џеј Зи, Ријана, Ник Џонас и многу други уживаа овде, на забавата за наградата Grammy Awards организирана во 2017 година.

Со девет спални, десет купатила и четири гаражи, идниот сопственик на овој имот ќе може да организира забава каква сака. Тенискиот терен и олимпискиот базен ќе обезбедат гостите никогаш да не се досадуваат, а внатрешноста ќе ги задоволи во секој поглед. Новите сопственици ќе можат да измислат сопствен начин на користење на овој имот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетен хит: Апостолки на висока пета!
Следна објаваМакси фустаните се секогаш совршен избор!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР