Пентахаус во една од најлуксузните резиденции во Монако: Ле Мирабо …

Станува збор за спектакуларен стан, кој се наоѓа на само неколку чекори подалеку од трговскиот центар Метропол, престижното Казино де Монте Карло, плажите и некои од најдобрите ресторани во овој дел од светот.

Нудејќи речиси 200 квадратни метри простор, две спални соби и две купатила, оваа резиденција која исполнува многу високи стандарди има 24/7 консиерж услуга, фитнес и прекрасен базен. Нејзиниот главен влез е на страната на познатото казино, додека вториот влез води кон морето, со директен пристап до плажата и авенијата која е идеална за пешачење.

Луксузниот стан се наоѓа на западната страна од зградата, нуди спектакуларен поглед на градината и Belle Epoque фасадата на казиното. Ова е веројатно идеалното место да се впие енергијата и гламурот на Монако, додека во исто време се доживувате себеси .

Пентхаусот е целосно реновиран во изминатите неколку месеци, користејќи ги само  најдобрите материјали и финиши кои помогнале да се развие удобна атмосфера со изобилство на шарм.

Цената на овој пентхаус е скоро 16 милиони евра, а мораме да истакнеме дека е внимателно декориран бидејќи е наменет за софистицирани клиенти. Тој доаѓа со приватна визба и паркинг простор во внатрешноста на зградата, што практично е невозможно да се најде во Монако.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПентахаус кој ги воодушеви најбогатите луѓе на свет!
Следна објаваИдеална маса за љубителите на уникатна естетика!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР