Традиционално, но и иновативно и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржува викендов од 5 до 7 јули. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со огромни попусти во повеќе од 120 локали. Оваа година Скопје Сити Мол заедно со Групер ќе го спојат онлајн и офлајн шопингот на едно место! Продавниците Ве очекуваат со огромна понуда, а Grouper е тука да обезбеди супер зделки за голем дел од продавниците!

Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со женската спортска програма органзирана од NIKE на платото пред Скопје Сити Мол.

За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат неколку скопски урбани бендови. А за најмалите и тинејџерите во недела од 19:00 часот имаме гостување и мит ап со GP!

Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.

Како и секоја година побторно омилениот летен шопинг настан на нашите посетители е тука! А ние знаеме дека секој од вас некогаш немал доволно време за сѐ да разгледате и да проба, а уште повеќе кога има огромни попусти на омилените брендови? Токму тоа е „Late night shopping“, викенд со смеа, забава, музика и весело летно расположение,а вие ќе можете да купувате сѐ до полноќ!  Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период, настан кадешто шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.Оваа година љубителите на шопингот ќе можат да уживаат во екстра попуст и однапред да дознаат што ќе понудат нивните омилени брендови. Веќе од среда, попустите се достапни за јавноста на сајтот на Скопје Сити Мол како и на Groupеr.mk каде може да најдете над 50 зделки со атрактивни попусти да си го одберете вашето омилено парче за летната сезона и да купите купон пред почетокот на Late Night Shopping кампањата. Дополнително, Grouper ќе има и два пулта во молот за време на викендот, каде секој ќе може да се информира за кампањата и да сврти на Среќното тркало, за да добие подарок или дополнителен попуст.“– велат организаторите.

Целосната листа на попусти и информации можете да ги погледнете од 03.07.2019 на http://skopjecitymall.mk/lns2019.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасна нова колекција на Louis Vuitton – B.Blossom!
Следна објаваЕнтериер на неделата: One Bedroom Villa во Four Seasons Resort Bali!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР