Ликовната изложба ќе се одржи на отворено под самиот врв Сечена Скала [1],
едно од највпечатливите места на стрмната планина Беласица во
југоисточниот дел на Македонија.

Локалитетот на изложбата е на државната гранична линија. Со теренско возило од с. Смолари до горе е 2 часа, а пеш по планинарска патека е 4 часа.

КРИСТИНА ЗИМБАКОВА: “ЈА ИЗВИШИЛА ФОРТУНАТА”

САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА

2 јуни 2019
12:00 – 13:30 ч.
СЕЧЕНА СКАЛА, ПЛАНИНА БЕЛАСИЦА
МАКЕДОНИЈА

На изложбата ќе бидат претставени триесетина нови дела во комбинирана
техника создадени во последните две години, главно сочинети од циклусот
„Срце в кафез,” „Ја извишила фортуната” и „Микроскопски стакленца.” Габите и
лишаите се примарно изразно средство, вткаени за цртање фигури или
составување мозаик. Материјалот е собран преку лични теренски
истражувања или од суви збирки, во соработка со био-научници. Применети се
мноштво видови од планината Беласица во Македонија, но и ретки или ендемични
видови од Аргентина, Антарктикот, суптропските предели на Австралија со
Тасманија, САД, подножјето на Хималаите во Индија, Хрватска и ендемична алга од
Јужна Африка. Ликовните дела се насликани на хартија од габи рачно изработена од авторката.

Грижливото користење примероци од габи и лишаи од разни делови од светот
стопени во нов, уметнички контекст софигуративен и лирско-експресивен израз
има цел да ја поттикне и свеста за овие прастари, чудесни и загадочни
организми.

Кристина Зимбакова (1975) во своето творештво негува интердисциплинарен
пристап, каде се испреплетени сликарството, поезијата и природните
науки, а габите и лишаите се најзастапен медиум. Досега имала
самостојни изложби во земјава како и во Ирска, а учествувала на бројни групни
изложби во странство, од кои се истакнуваат оние во Оксфордскиот
театар во Англија и Музејот за уметност ‘Ешкенази’ во САД.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова колекција на Miu Miu во чест на летото!
Следна објаваНе е се загубено – 2 години од пожарот во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР