Во рамки на осмото издание на фестивалот за развој на креативните индустрии “Скопје Креатива 2019“, што годинава е “обоен“ во зелено и го носи мотото Зелено Скопје, како дел од програмата стои името на еден интересно насловен сегмент – “Редефинирај ја својата реалност“!

“Редефинирај ја својата реалност“ ќе биде целодневен настан, во големата сала на Кино Култура, исполнет со презентации и работилници за иновации, спој на креативноста со технологијата, интернет-технологијата и активизмот.

“Редефинирај ја својата реалност“ ќе започне во 14:00 часот со презентациски говор на Андријана Папиќ-Манчева насловен како „Можеш ли без ѓубре?“. Андријана Папиќ Манчева е преведувачка навлечена на нула отпад, која ќе зборува за книгата „Дом со 0 отпад“. Таа ќе се обиде да ви претстави решенија за живот и секојдневие без или со помалку ѓубре.

Потоа следи презентација на алтернативен градски транспортен систем, систем од електрични велосипеди со вградени проактивни филтри во своите тркала. ГЕТ- Велосипед – Венито комерц ДООЕЛ ќе го претстават системот што нуди и уникатен начин на користење и изнајмување на велосипедите, за кој се верува дека значително би придонел за намалување на загадувањето од сообраќајот.

Табмејкер ќе го претстави својот креативен творечки простор (maker space) кој нуди пристап до целосно опремена работилница за изработка на дрво, метал или композитни материјали.

Додека, со pulse.eco – О2 иницијатива и Нетсетера ќе биде предизвик да се зборува за загадувањето на воздухот со PM10, PM2,5, бучава, температура, влага и притисок во јуни, кога темата најмногу се избегнува.

Горјан Јовановски со својата The Data I Breathe/МојВоздух апликација која го прикажува степенот на загадување низ целата земја, по 100.000 и прв пат ќе се обиде да ја подигне свеста за загадувањето. Апликацијата Мој воздух досега е преземена над 100.000 преземања,

Следно на програмата ќе биде „Здравје пред профит за Центар“, невладина организација која е активна веќе три години на територијата на Општина Центар. Претсавници на организацијата ќе ги образложат поривите за ова неформално здружување на граѓаните на Дебар Маало во борбата за заштита на јавните простори и јавниот интерес, здрава животна средина и хумано домување. Оваа организација со секојдневните активности влијае врз политиките на локалната самоуправа инсистирајќи на транспарентност, партиципативност, добро владеење и инсистирање на спроведување на сите законски пропишани права и правила за квалитетен и безбеден живот во една градска средина.

Проект НЕДЕЛАТА НА ИЗЛОЗИ ќе иницира дијалог помеѓу модните дизајнери и архитектите за да ја објасни потребата за убави излози, со што ќе ја подигне визуелната култура на градот на повисоко ниво. Една од главните цели на проектот е да се инспирира креативноста, да го стимулира вработувањето во креативниот сектор, да укаже на неопходноста од уредувањето на излозите, да стимулира нови практики и вештини кај младите луѓе за да можат да ги освојат локалните, но и интернационалните пазари.

За крај следи презентација на Фонд за иновации и технолошки развој и

работилница на М3DS Академија за 3Д и Game Design.

Работилница за 3Д-моделирање и 3Д-печатење за подигнување на нивото на едукацијата кај младите, како и збогатување на нивното знаење во областа на ИТ- технологиите. Целта на работилницата е да се разбуди љубопитноста кај младите за 3Д-моделирањето, анимацијата и нивниот удел во креирањето филмови и видеоигри, кои се растечки ИТ-струки. Учесниците во работилниците ќе научат како од идеја да дојдат до готов реален 3Д-модел (производ), кој е потребниот процес за да се финализира, како и негова изработка на современ 3Д-печатач со соодветни материјали. Воедно ќе се објасни како ваквиот тип 3Д-модели наоѓаат примена во реални проекти, игри и филмови, а и како 3Д-технологијата сè повеќе се вклучува и во други индустриски гранки.

Целосен и детален преглед на под-програмата на “Редефинирај ја својата реалност“ може да ја погледнете – тука.

„Скопје Креаитива 2019 – Зелено Скопје” ќе се одржи од 31 мај до 1 јуни во Кино Култура и Младински културен центар. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Фестивалот се реализира со поддршка на град Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајромантичен предлог: обетки во форма на срце!
Следна објаваКан: Светска премиера на новиот филм на Квентин Тарантино!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР