„Гори“  е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната  е на македонски јазик и како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која  беше вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан.

„Гори“ е снимена во студиото на  еден од најдобарите продуценти во Македонија , Лазар Цветковски  кој беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година , автор на многу хитови на наши артисти  како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од овогодинашниот евровиски тим на Тамара кој не претставуваше во Израел.

Музиката  и текстот се  на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески , наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.


„Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш  повторно.
Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и  жонглерската група од Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.
Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera за која ќе се снима спот во  Белград , кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од Балкатон продукција.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОдлично посетен првиот фестивал на улична храна
Следна објава„FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на Александар Кондев во „Мала станица“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР