Еуфорија, радост и тотално задоволство! Вака најдобро може да опише првото издание на фестивалот на улична храна Вкусот на Скопје, кое се одржа овој викенд на Школка.

Паркот беше исполнет со публика од најмалечки до највозрасни, со многу насмевки, задоволни лица, и секако… превкусна храна! На штандовите можеа да се купат сочни бургери, крцкави пици, крофни и печива, макаронс, хот дози, скара и што ли уште не… Локалите кои ги приготвија своите специјалитети навистина докажаа дека Скопје има што да понуди, а учесниците во програмата дополнително ја зголемија магијата со своите едукативни содржини.

Концептот  беше одлично примен од страна на посетителите. Во текот на двата дена настанот го посетија дури 7800 посетители, бројка која уште еднаш ни потврди дека Скопје навистина ужива во добра храна.

Преку фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата. Се гледаме догодина!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваStrongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од Пивара Скопје
Следна објава„Гори“- нов летен хит на Тајзи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР